Раниери со совет до Манчини: Италија не смее ниту да помисли да ја потцени Македонија!

Искусниот италијански стратег Клаудио Раниери истакна дека Италија е фаворит само на хартија, но за да обезбеди победа ќе треба доста добро да се намачи против Македонија.

Раниери подели совети на Роберто Манчини и на фудбалерите дека Италија во никој случај не смее да ја потцени македонската селекција.

„Се работи за еден натпревар. Италија не смее во никој случај да мисли на финалето и да ја потцени Македонија. Во таков случај, постои ризик натпреварот да отиде во непосакуван правец“, изјави Раниери.

Македонскиот национален тим утре патува за Палермо, а плеј-оф мечот за пласман на Светското првенство е закажан за 24 март, со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...