Раниери за Конте: Ако ја сака мојата работа, сам ќе одам по него на аеродром

Рома конечно успеа да се врати во посакуваниот ритам во Серија А изминативе пет кола, па сега повторно е четврти тим во лигата. Но, и ако успее да ја одведе Рома во Лигата на шампионите, Клаудио Раниери нема да биде на клупата на римскиот тим следната сезона.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Рома веќе ги договорила сите детали со Антонио Конте кој би требало да биде новиот шеф на стручен штаб.

Синоќа Рома славеше против Каљари со 3-0, а по мечот Раниери прокоментира и околу неговиот наследник.

„Секако дека сакам да го видам Конте на клупата на Рома, но не знам ништо за тоа. Ако дојде би бил многу среќен. Ако треба и јас лично ќе одам по него на аеродром“ – низ смеа прокоментира Раниери.

Се вчитува...