Рано водство за домашните: Шкендија го „скрши“ Работнички уште „во соблекувалната“ (ВИДЕО)

На шампионот на ПМФЛ екипата на Шкендија само пет минути и беа потребни за да поведе против Работнички, кого го очекува жестока битка за опстанокот во најсилната македонска фудбалска лига.

После шансата на Ибраими во третата минута и одбраната на Василев, две минути подоцна се тресеше мрежата на „романтичарите“.

Долга акција на Шкендија, по која топката се „прошета“ низ одбраната од средината на десната страна до Трумчи, кој асистираше до Тамба, кој, пак, со силен удар ја смести топката под пречката на Работнички.

Погледнете го голот на Тамба низ видео:

Се вчитува...