Раперот „Снуп-Дог“ му посвети песна на Коби Брајант (ВИДЕО)

Американскиот рапер „Снуп-Дог“ му оддаде почест на Коби Брајант со песна која премиерно беше емитувана на доделувањето на наградите „ESPY“. Во песната „Снуп-Дог“ потсети на сите достигнувања кои ги оствари Коби во кариерата и големото влијание кое го имаше на Лос Анџелес и Калифорнија.

На крајот „Снуп-Дог“ песната ја заврши со стиховите „Ова е твој град“. За потсетување легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс почина на 26. јануари во хеликоптерска несреќа во близината на Лос Анџелес. Со него во хеликоптерот беше и неговата ќерка Џиџи.

 

Се вчитува...