Рапино за Андоновски: Тој има уникатна способност да го извлече најдоброто од сите

Една од најдобрите светски фудбалери, Меган Рапино, има само пофални зборови за новиот селектор на женската фудбалска репрезентација на САД, Македонецот Влатко Андоновски. Таа вели дека Андоновски има уникатна способност да го извлече најдоброто од сите фудбалерки.

„Тој има уникатна способност навистина да го извлече најдоброто од секоја фудбалерка. Тој ги третира сите на еднаков начин, но знае дека секој играч не е ист. Неговата тактичка флексибилност и знаењето се неверојатни. Иако подолг период е дел од NWSL, мислам дека се уште не покажал се што знае“, изјави Меган Рапино за новиот селектор на женскиот тим на САД, Влатко Андоновски.

 

Се вчитува...