Расел: Мерцедес ми понуди рамноправност со Хамилтон

Џорџ Расел изјави дека Мерцедес му ветил дека следната сезона ќе има еднаков третман како и седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон и дека не очекува дека меѓу нив двајца ќе има несогласувања како што беше со Нико Розберг.

„Многу јасно ми е кажано. Мислам дека од Мерцедес по тоа прашање се многу поштени и дека и двајцата возачи ќе добиеме подеднаква шанса. Не очекувам дека би можело да има несогласувања меѓу нас двајца“, изјави Расел. 

Расел следната сезона доаѓа во Мерцедес на место на Финецот, Валтери Ботас кој потпиша со Алфа Таури.

Се вчитува...