Денвер нагетс најавува создавање на уште посилен тим со кој во следната сезона би се борел за шампионската титула, но првите знаци не се охрабрувачки откако Расел Вестбрук реши да си замине од оваа екипа.
Вестбрук имаше опција да излезе од договорот до 30 јуни, клаузула што експлозивниот плејмејкер на крајот реши да ја искористи и летово да ги промени клупските бои.
Иако престојот во Денвер го одбележа со серија крајно променливи игри и неколку промашени шутеви за победа во самиот финиш, Вестбрук важеше за втора „суперѕвезда“ во тимот крај Никола Јокиќ. Управата на нагетс не ја криеше желбата да го задржи плејмејкерот во своите редови, но тој очигледно има поинакви планови за иднината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА