Расел Вестбрук го победи коронавирусот

Расел Вестбрук го победи коронавирусот една недела откако беше обелоденето дека „ѕвездата“  на Хјустон е позитивна на Ковид-19. Вестбрук бил негативен на последниот тест и веднаш после тоа се упатил за Орландо, каде им се приклучил на соиграчите.

Од НБА информираа дека нема ниту еден заразен кошаркар во периодот од 13. јули до сега, што значи дека се оди во добар правец за очекуваниот рестарт на сезоната кој е закажан за 30. јули.

 

Се вчитува...