Рашфорд го надмина Кристијано Роналдо

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, го надмина Кристијано Роналдо по бројот на голови во европските купови во дресот на Манчестер Јунајтед. Вчера англискиот тим го совлада составот на Бетис со 0-1, со убавиот гол на Рашфорд, кој го постигна својот 25-ти гол во европските купови во дресот на Манчестер Јунајтед.

Рашфорд го надмина и Кристијано Роналдо, кој имаше 24 гола. Англискиот репрезентативец со тоа стана шести на клупската листа најдобри стрелци во Европа.

Пред него е сега Пол Сколс кој има 26, додека прв е Вејн Руни со 39 погодоци. Воедно, Рашфорд стана најмладиот Англичанец кој постигнал 25 гола во големите европски натпреварувања.

Англичанецот оваа сезона игра во одлична форма, и има 27 гола и седум асистенции во 43 меча во сите натпреварувања.

Се вчитува...