Рашфорд го одведе Јунајтед во полуфинале, фуриозен финиш на Ајакс

Манчестер јунајтед многу потешко од очекувањата се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа откако „црвените ѓаволи“ вечерва мораа да играат продолженија од два пати по 15 минути за да го скршат отпорот на Андерлехт. Идентично како и на првиот меч, тимот на Жозе Мурињо промаши бројни шанси, а п0 90 минути резултатот гласеше 1-1, за во второто продолжение Маркус Рашфорд да го постигне голот за полуфинале на најтрофејниот англиски клуб.

Огромна „дамка“ врз победата остави тешката повреда на Златан Ибрахимовиќ, кој поради проблем со коленото речиси сигурно ќе биде „во аут“ до крајот на сезонава.

Marcus Rashford Goal HD – Manchester United 2… by worldfoot

Пласман во полуфиналето преку продолженија обезбеди и Ајакс, кој по голема борба загуби од Шалке со 3-2, резултат што го одведе холандскиот гигант во следната рунда по победата од 2-0 од првиот меч. Шалке поведе со 2-0 по 90 минути игра, потоа домаќините преку Калигури стигнаа и до 3-0, но кога се чинеше дека пласманот во полуфиналето на тимот од Гелзенкирхен е осигуран, Ајакс со фудбалер помалку успеа да постигне два гола во последните десет минути преку Виргевер и Јунеш и се пласираше во полуфиналето.

All Goals & highlights HD – Schalke 04 3-1… by sporttv724Amazing Goal (Ziyech H.) Younes A… by ylberenexhipi

Се вчитува...