Рашфорд испиша историја во Лигата на шампионите

Манчестер јунајтед триумфираше со убедливи 5-0 во 2. коло од Лигата на шампионите против Лајпциг. Рекорд во триумфот на својата екипа запиша Рашфорд кој постигна три гола, а во игра влезе во 63. минута од средбата.

Тој синоќа се запиша во историјата на Лигата на шампионите постигнувајќи го најбрзиот хет-трик по влегување во игра. За тоа му беа потребни само 27 минути. Досегашниот рекорд беше во сопственост на Килијан Мбапе кој за 38 минути по влегувањето од клупа постигна хет-трик во ЛШ.

На третото место е Валтер Пандијани кој постигнал хет-трик за 44 минути, а потоа следи Љоренто на кого му биле неопходни 45 минути.

Се вчитува...