Рашфорд ја доби „ѓаволската десетка“

Манчестер јунајтед нема да носи големо засилување во навалната линија. Ова стана јасно откако клубот и официјално потврди дека во претстојната сезона „десетката“ на грбот ќе ја носи англискиот репрезентативец и голема перспектива на клубот од „Олд Трафорд“, Маркус Рашфорд.

Тој е еден од најмладите, меѓутоа и веќе стандарден член на тимот на Жозе Мурињо. Исто така беше дел и од селекцијата на Англија на Светското првенство во Русија.

Последни играчи кои го носеа дресот со број „10“ беа Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни. Рашфорд досега за Манчестер јунајтед има одиграно 123 натпревари и постигна 32 гола.

 

Се вчитува...