Рашфорд во „аут“ до ноември

Оле Гунар Солкјер нема да може да смета на услугите на Маркус Рашфорд до ноевмри поради потребната рехабилитација по операцијата на рамото, објави денеска клубот. Оваа повреда го мачеше напаѓачот извесно време, но и покрај неа беше дел од Европското првенство, а по завршувањето на истото и конечно ја доби потребната помош.

Рашфорд претходната сезона беше еден од подобрите играчи во редовите на „црвените ѓаволи“ со 21 гол и 15 асистенции на 57 одиграни средби за клубот од Манчестер.

Се вчитува...