Расистички испад на навивачите, Рома мораше да се извинува

Рома објави официјално извинување за играчот на Сампдорија, Роналдо Виера, кој беше жртва на расистички испад на навивачите на римскиот состав за време на пресметката од викенд колото во Серија А.

„Ги слушнав, но не сакам да зборувам за тоа. Ова пречесто се случува, а едноставно не треба да биде така“ – изјави У21 репрезентативецот на Англија и поранешен играч на Лидс.

Ова е најновиот во серијата навивачки инциденти поврзани со расизам за време на фудбалските натпревари во Италија. Рома дури и суспендираше еден навивач кој расистички го навредуваше Хуан Хесус на социјалните мрежи.

„Му се извинуваме на Роналдо Виера за расистичките извици кон него. Рома не толерира расизам во никаква форма и клубот ги поддржува институциите во идентификувањето и суспензијата на лицата кои ќе бидат пронајдени за виновни во овој случај“ – стои во соопштението на Рома.

 

Се вчитува...