Раскол меѓу фудбалерите на Барселона: Има и такви кои се согласуваат на намалени плати

Не се сите фудбалери на Барселона потпишани на писмото што најголемите дел од првотимците го испратија до управата, а во кое потенцираат дека не се согласуваат со привременото намалување плати. Дел од играчите сметаат дека треба да бидат исто како останатите вработени во клубот и да преговараат за наламувњето затоа што Барселона поради пандемијата на коронавирусот се наоѓа во незавидна ситуација.

Марк-Андре тер Штеген и Френки де Јонг потврдуваат дека тие не се согласуваат со мнозинството соиграчи. Овие двајца комплетно се согласуваат со идејата клубот да компензира со намалување на платите како што впрочем се адаптираат и другите клубови, но и останатиот дел од општеството. За Тер Шеген и за Де Јонг не е потребно воопшто ниту да се преговара бидејќи тое ќе се согласат со што ќе предложи клубот.

Миралем Пјаниќ и Серџињо Дест уште претходно беа на оваа линија кога ги потпишуваа договорите со Барселона, комплетно адаптирани на COVID контекстот. И овие двајца не се потписници на заедничкото писмо на кое стојат имињата на четворицата капитени Меси, Бускетс, Пике и на Серхи Роберто.

 

Се вчитува...