Распадори влезе и го растури Милан

Милан загуби значајни бодови во трката за највисок пласман во Калчо-лигата откако „росонерите“ неочекувано загубија на домашен терен од Сасуоло со 1-2.

Овој пораз боли уште повеќе ако се знае дека Милан до петнаесетина минути до крајот имаше водство од 0-1 по прекрасниот погодок на Чалханоглу, но до пресврт дојде непосредно по напуштањето на теренот на турскиот репрезентативец во дресот на Милан.

Човек на одлука беше Распадори, кој влезе во игра во 62. минута за Сасуоло, а потоа двапати го матираше Донарума за огромен триумф на гостинскиот состав.

Се вчитува...