Расположени напаѓачи: Голови за Ристовски, Ивановски и Костовски

Тројца македонски офанзивци запишаа нови голови за своите клубови на интернационалната сцена.

Младинскиот репрезентативец Милан Ристовски го постигна деветиот гол сезонава во дресот на Нитра во словачкиот шампионат. Ристовски стрелаше во триумфот на Нитра од 0-3 на гостувањето против Сеница, со што сега е на второто место на листата на најдобрите стрелци во Словачка.

Јован Костовски со гол во 93. минута донесе бод за Етникос во ремито (2-2) на гостувањето против Неа Саламис во кипарскиот шампионат.

Мирко Ивановски, пак, го постигна петтиот гол сезонава во Унгарија, за триумф на Ујпешт од 2-1 во пресметката против Диошѓер во чиј состав настапи репрезентативецот Кире Ристевски.

Се вчитува...