Расположени репрезентативци: Костадинов стрелец и асистент за Ружомберок (ВИДЕО)

По Иван Тричковски, Никола Серафимов и Дарко Велковски, и Тихомир Костадинов денеска стрелец за својата екипа во националниот шампионат на Словачка.

Костадинов е најдобар поединец на мечот на гостувањето на Ружомберок против екипата на Похроние. Најпрво во првото полувреме погоди во 39. минута, во тие моменти за израмнување на 1-1 на натпреварот откако домашните поведоа со голот на Лачни во 34. минута. А, во второто полувреме асистираше во 55. минута на Бренкуш за пресврт на мечот и водство на Ружомберок од 1-2. До крајот, сепак, домашните успеаја да дојдат до конечни 2-2.

Ова е прв гол сезонава за Костадинов во првенството, а претходно има два за Ружомберок и во Купот на Словачка.

Се вчитува...