РАСПОРЕД ЛЕ: Еурофарм Пелистер почнува со дански Архус во Битола

Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер со натпревар на домашен терен против данскиот Архус ќе ја стартува новата сезона во групната фаза во второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа.

Натпреварот со кој пелистерци ќе ја почнат новата авантура во Лигата на Европа ќе се одигра во арената „Боро Чурлевски“ на 25. октомври. По овој меч недела подоцна следува гостување во Португалија кај Агуаш. На 22. ноември Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Мотор Запорожје во Германија, по што следи домашниот натпревар на 29. ноември на домашен терен против првиот фаворит во групата Фуксе Берлин.

Пред паузата „пелистерци“ ќе одиграат двомеч против шпанската Бидасоа. Лигата на Европа продолжува во февруари, а таму битолчани стартуваат со гостување во Данска кај Архаус на 7. февруари. Седмица подоцна на домашен терен го пречекуваат Агуаш. Во претпоследното коло закажано за 21. февруари Пелистер ќе му гостува на фаворитот Фуксе Берлин, додека групната фаза ќе ја затвори со домашниот меч против Мотор Запорожје на 28. февруари.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ЛИГА ЕВРОПА РАСПОРЕД  2022/23:

25.10.2022 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Архус

01.11.2022 Агуаш – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

22.11.2022 Мотор Запорожје – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

29.11.2022 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Фуксе Берлин

06.12.2022 Бидасоа Ирун – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

13.12.2022 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Бидасоа Ирун

07.02.2022 Архус – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

14.02.2023 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Агуаш

21.02.2023 Фуксе Берлин – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

28.02.2023 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – Мотор Запорожје

Се вчитува...