Работнички и МЗТ Скопје ќе се сретнат со ривали од Црна Гора на почетокот од првиот турнир од АБА2-лигата, што ќе стартува од 9 ноември на Златибор.
Први на мегдан ќе излезат „центарци“, кои на 9 ноември ќе ги одмерат силите со Студентски Центар, а еден ден подоцна МЗТ во рамките од првото коло ќе се сретне со Подгорица.
Секоја екипа во овој прв „балон“ ќе одигра по четири натпреври, Работнички ќе се сретне уште и со Подгорица, Ловќен и Младост, додека МЗТ во второто коло за ривал ќе ја има Сутјеска, потоа Широки Бријег, а настапот ќе го заврши со дуел со Борац Бања Лука.
Работнички последниот натпревар ќе го игра на 17 ноември, МЗТ Скопје ден подоцна, а репрезентативците веднаш по враќањето во Скопје и тестирањето од Covid-19 ќе му се стават на располагање на селекторот Тодоров за претстојните квалификациски натпревари на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА