РАСПОРЕД: На стартот со Словенија, на крајот со Данска

Словенија ќе биде прв ривал на македонските ракометари на претстојниот европски шампионат каде нашиот национален тим беше извлечен во групата А, што ќе се игра во унгарскиот град Дебрецин.

ЕП 2022 официјално стартува на 13 јануари 2022, а Македонија ќе се најде на терен уште на првиот натпреварувачки ден, со дуел против незгодниот ривал Словенија. Последниот дуел со оваа селекција го одигравме годинава на СП во Египет, каде претрпевме убедлив пораз од 31-21.

Во рамките од второто коло Македонија на 15 јануари ќе се сретне со селекцијата на Црна Гора, додека во третата рунда наш противник ќе биде актуелниот светски шампион Данска, меч закажан за 17 јануари 2022 година.

Се вчитува...