РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ ДЕН (12): Норвежаните ја задржаа предноста пред Германија

Дванаесеттиот ден на Зимските олимписки игри во Пекинг ни донесе доделување на медали во осум различни дисциплини. Норвежаните ја задржаа предноста на табелата на најуспешни нации откако машката штафета во спринтот во крос-кантри го донесе 13. златен медал на „викинзите“ на овие игри.

И покрај негативата која ја имаат, Германците се уште не се откажуваат од епитетот најуспешна нација. Изненадувачки во женската спринт штафетаво нордиско-трчање триумфираа Германките и со тоа помалку и неочекувано ја задржаа негатива од три златни одличја (10).

На третото место со осум најсјајни одличја остануваат Соединетите Американски Држави и по дванаесеттиот ден.

Се вчитува...