Тринаесеттиот ден на Зимските олимписки игри во Пекинг ни донесе доделување на медали во вкупно шест дисциплини. Норвешката штафета во нордиска комбинација ја зголеми предноста на табелата освојувајќи го за својата земја 14. златен медал на игрите во главниот град на Кина.
Германците останаа на бројката од десет и во последните три дена ќе имаат тешка задача да ја анулираат негатива од четири најсјајни одличја кои ја имаат зад делегацијата на Норвешка на игрите.
Иако имаа шанса во неколку дисциплини денеска каде имаа свои фаворити, како во името на Шифрин во алпска комбинација, женската хокеарска репрезентација која загуби од Канада во финалето, како и Британи Боуви на 1 километар брзо лизгање, Американците не успеаја да стигнат до златен медал, па по тринаесет дена останаа на бројката од осум најсјајни одличја со која го држат третото место на табелата на најуспешни нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА