РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ ДЕН (14): Норвежаните станаа рекордери на ЗОИ

Норвешка дефинитивно ќе биде најуспешна нација на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. На четиринаесеттиот ден беа доделени медали во вкупно пет дисциплини. Јоханес Тингнес Бо го донесе и петнаесетиот златен медал за Норвежаните на игрите што е рекордно достигнување за една нација. Германците не освоија ниту еден медал денеска и останаа на десетте златни со што на крајот ќе мора да се задоволат најверојатно со второто место на табелата.

Кина се израмни по бројот на најсјајни одличја со Соединетите Американски Држави, откако ново злато во слободно скијање донесе феноменалната Ејлин Ајлинг Гу. Сепак, Американците остануваат трети поради поголемиот број освоени сребрени медали.

Остануваат уште два дена до крајот на игрите и останува да видиме кои ќе бидат трите земји кои ќе го преземат приматот најуспешни на игрите во Пекинг.

Се вчитува...