РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ ДЕН (5): Одличен ден за Германија која ги потисна скандинавците

Германија за првпат е на врвот кога станува збор борбата за одличја на Зимските олимписки игри во Пекинг. Феноменален петти ден за германските олимпијци кои стигнаа до две злата и со тоа го заземаа врвот на табелата со медали.

Гајгер во нордиска комбинација и парот во санкање во двојки Тобијас Вендл и Тобијас Арлт освоија златни медали со кои ја искачија Германија на врвот со вкупно осум медали, од кои дури пет златни.

Следи Норвешка која иако има десет одличја на овие игри сепак поради едниот златен медал помалку се наоѓа место под Германците. И Норвежаните денеска освоија најсјајно одличје и тоа преку Бирк Руд во слободно скијање.

Лидерот по четири дена, Шведска не успеа денеска да стигне до ниту едно одличје, поради што падна на третата позиција исто така со четири злата како и Норвешка, но со едно сребро помалку од големиот ривал.

Се вчитува...