РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ – ДЕН 6: Кинезите на врвот, Американците сега втори по бројот на златни одликувања

Кинеските олимпијци и натаму се лидери на листата на освоени на медали на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

По шесттиот натпреварувачки ден, Кина е на врвот со најголем број златни одликувања – 11. Сега зад нив е репрезентацијата на САД која дојде до 9 златни медали, а има и најмногу досега освоени одликувања – вкупно 37. На третата позиција е домаќинот Франција со вкупно 24 медали од кои осум златни.

Од балканските земји досега најуспешна е Романија со 4 медали (две златни, една сребрена и една бронзена), па следи Хрватска со едно злато и една бронза, а потоа се Србија и Словенија со по едно златно одликување. Косово, Грција и Турција досега имаат по еден сребрен и еден бронзен медал. Вкупн 50 земји досега се закитија барем со еден медал.

Се вчитува...