РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ: Норвешка е најуспешна нација на ЗОИ во Пекинг 2022

Норвешка ги заврши како најуспешна нација Зимските олимписки игри во Пекинг 2022. Норвежаните на крајот освоија вкупно 37 медали, од кои 16 златни што е нов рекорд на Зимските олимписки игри.

Второто место на табелата и припадна на Германија со 12 најсјајни одличја, односно четири помалку од рекордерот Норвешка.

На крајот помалку и изненадувачки третото место го освои Кина, која на крајот заврши со девет најсјајни одличја односно едно повеќе од Соединетите Американски Држави, Шведска и Холандија.

Најуспешен олимпиец на игрите е норвешкиот бијатлонец, Јоханес Тингнес Бо кој заврши со пет медали од кои четири злата. Кај дамите исто така бијатлонка, Марте Олсбу Ројзеланд освои пет медали од кои три беа најсјајни.

 

Се вчитува...