РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ: Швеѓаните себично го држат врвот, Словенците стигнаа до бројката од пет

И по четири дена на Зимските олимписки игри во Пекинг, Шведска останува на првото место на табелата за освоени медали. Јона Сундлинг во спинт трката во крос-кантри на Швеѓаните им го донесе четвртото злато со што се единствена земја досега која стигна до оваа бројка на најсјајни одличја.

На второто место е Холандија со три злата и одново и на денешниот ден тоа беше освоено во брзо лизгање, каде Кјелд Нуис ја одбрани титулата на 1500 метри од Пјонг-Чанг. На делба на третото место се Кина и Германија. Кинезите преку Ејлен Ајлинг-Гу во скејтборд го освоија третото злато, додека златна лауреатка за Германците беше Натали Гајзенбергер во санкање.

Словенија продолжува со жетва на медали на овие игри каде по четири дена веќе стигнаа до бројката од пет, откако во сноуборд Тим Мастнак освои сребро кај мажите, додека кај дамите Глорија Котник се закити со бронза. Најмногу освоени медали Словенците имаа на игрите во Сочи 2014 каде стигнаа до осум одличја.

Се вчитува...