Распродадено: Секој сака да има шампионски дрес на Вардар

Вардар непосредно пред тргнувањето за Келн ги промовираше новите дресови, кои им донесоа среќа на ракометарите на македонскиот првак. Нормално е што по европската круна фан-шопот на „вардарци“ беше преполн со фанови, па од таборот на „црвено-црните“ утрово се пофалија дека сите залихи од новите дресови се експресно распродадени.

Секој сака да биде шампион во нешто, а ако веќе не може, барем да има шампионски дрес. „Црвено-црната“ треска дефинитивно ќе продолжи и во наредниот период…

Се вчитува...