Челси продолжува со промените во составот. По бројните ангажмани сега следат серија на заминувања кои започнаа со Армандо Броја.
Покрај Албанецот, „Стемфорд Бриџ“ следната сезона нема да биде дом ниту на Киернан Дузбери-Хол чиј трансфер е договорен во Евертон и за истиот Челси ќе добие вкупно 35 милиони евра по исполнување на одредни бонуси.
Англичанецот нема да биде единствениот фудбалер од средниот ред кој ќе ја промени средината. Трансферот на Лесли Угучукву во Барнли е договорен, како и оној на Карни Чуквуемека во Борусија Дортмунд.
Покрај овие наскоро се очекуваат и заминувањата на Кристофен Нкунку, младиот Тајрик Џорџ, Рахим Стерлинг и Нико Џексон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

