Расте бројот на откази на УС Опен, во Њујорк без ланската шампионка

Ланската шампионка, Бјанка Андреску нема да го брани трофејот освоен мнатата година на грен-слемот УС Опен бидејќи пандемијата на коронавирусот и го продолжи процесот на рехабилтација од повредата на коленото. Таа нема одиграно меч од финалето на сезоната во октомври минатата година.

Донесов тешка одлука да не се вратам во Њујорк оваа година. Го направив ова за да се фокусирам на враќањето во вистинска форма со што повторно ќе можам да играм на највисоко ниво“ – вели Канаѓанката која минатата годината за титулата ја победи Серена Вилијамс.

Андреску која е шеста на ВТА листата е четвртата од топ 20 тенисрките кои го откажаа учеството на УС опен. Претходно се повлекоа прворангираната Ешли Барти и Елина Свитолина и Кики Бертенс кои се на петтото односно на седмото место. Проблематичен е и настапот на тенисерката број два во светот, Симона Халеп. Серена Вилијамс пак планира да учествува на турнирот.

Кај тенисерите, Новак Ѓоковиќ го потврди учеството, откажа Рафа Надал, а Роџер Федерер ќе отсуствува поради повреда. Ќе го нема и Ник Кирјос.

 

Се вчитува...