Ветеранот Лука Модриќ е се поблиску до заминување од Реал Мадрид, откако во последно време е во втор план кај тренерот Карло Анчелоти. 39-годишниот Хрват надовно отворено го искажал своето незадоволство, а се споменувале и заминување.
Модриќ беше во првите 11 на натпреварот со Унион Берлин кој Реал го доби во последните мигови со гол на Белингем, а потоа доби шанса во првиот состав и на дербито со Атлетико.
Карло Анчелоти упати критики на адреса на Модриќ во поразот на тој натпревар. Полош од него беше само Давид Алаба, кој беше виновен за два од трите гола на Атлетико. Затоа вчера против Лас Палмас, Хрватот одново се најде на клупата.
Неколку пати Италијанецот пред медиумите се правдаше дека Модриќ е уморен и затоа не игра во првите 11. Меѓутоа медиумите шпекулираат дека има нешто помеѓу нив двајца, и дека највројатно Модриќ ќе замине од Реал Мадрид, а клубови од Саудиска Арабија би го пречекале со широки раце. Летоска Модриќ ги одби понудите од оваа земја и се реши да остане во таборот на најтрофејниот европски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА