Растителен паразит е причината за лошата состојба на теренот на „Тодор Проески“

Болеста „Питиум“ (растителен паразит) е главната причина за лошата состојба на теренот на Националната арена „Тодор Проески.

„360 степени“ направи истражување за проблемите со кои се соочува националната арена „Тодор Проески“ и теренот кој е во катастрофална сотојба во последниот период. За оваа емисија говореше и портпаролот на ФФМ Златко Андоновски кој изјави дека ФФМ не е сопственик на стадионот и дека тие имаат потпишано договор со ПУИГ до февруари 2025 година.

„Она што е најважно за фудбалската федерација, не само во овој момент туку години наназад е јавноста да знае дека овој стадион, не е во сопственост ниту го стопанисува ФФМ. Ние само имаме договор за одигрување натпревари до февруари 2025 година. За жал, инфраструктурно од овој степен, Македонија има само еден стадион, а тоа е националната арена и тоа е причината зошто сме приморани натпреварите на А репрезентацијата да ги играме на нашиот најголем стадион. Сето тоа е процес којшто трае. ФФМ нема официјален став дека ќе прави било што…интензивно се преговара за условите под кои ФФМ и ПУИГ би соработувале и во иднина. Наша основна цел е репрезентацијата да има најдобри услови не само за натпревари туку и се што е вклучено во организацијата, од логистика до патување, се што е неопходно за добри резултати. За жал последниот период тоа не беше така. Не верувам дека македонските фудбалери на ваков начин би се согласиле да играат нов натпревар на ваков тревник. Сликата кажува сè“, изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски. 

Целата емисија на „360 степени“ можете да ја погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...