Растодер стрелец во победата на Тун и „црвста“ лидерска позиција во Швајцарија

Екипата на Тун дојде до триумф од 3-0 над Винтертур, за лидерска позиција на табелата во Швајцарија. И покрај тоа што имаше играч помалку од 39. минута, Тун се покажа како пресилен за гостите.

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер влезе во игра во 55. минута, подоцна постигнувајќи го третиот гол за својот тим во 82. минута од средбата.

Ова беше втор погодок за Растодер во швајцарското првенство во оваа сезона, а Тун со оваа победа и со поразот на Сент Гален, сега е осамен на табелата со четири бодови предност.

Се вчитува...