Раул Алонсо: Катастрофалниот старт на второто полувреме беше клучниот момент во мечот

Тренерот на Мешков Брест, Раул Алонсо смета дека очајниот старт на второто полувреме било клучно во поразот на неговиот тим од Вардар.

„Честитки за Вардар за за служената победата. Многу проблеми со повреди за нас. Имавме проблеми бидејќи голем дел од нашите ракометари не беа подготвени за мечот, не можев да сметам на Шумак и Ѓукиќ. Потрфрливме во одбраната. Имавме многу исклучувања, не сакам да ги коментирам судиите, но не сум задоволен од нивното судење.  Вардар ги казни нашите грешки особено во второто полувреме. Се обидовме да се вратиме, потрошивме многу енергија. Едноставно Вардар е тим кој е тешко да го победиш со толку проблеми во тимот“, изјави Алонсо.

Со изјавата на тренерот се сложува и Симон Разгор.

„Честитки за подобриот тим вечерва. Имавме многу повреди и тоа беше можеби клучно. Како што кажа тренерот стартот на второто полувреме беше клучно во натпреварот. Не верувавме дека можеме да победиме и тоа веројатно беше проблем. Се надевам дека ќе ја поправиме играта за следните натпревари“, изјави Разгор. 

Се вчитува...