Раул: Далеку е ПСЖ, сега мислам само на Монпелје

Секоја чест на ракометарите на Вардар, но главен адут во походот на ново европско злато повторно ќе биде тренерот Раул Гонзалес. Тивкиот генијалец е скромен како секогаш и денеска во Келн, свесен дека и него и неговите избраници ги очекува пеколен викенд. Ако се оправдаат фаворитските улоги Раул би можел во финалето да се сретне со својот иден клуб ПСЖ, но Шпанецот потенцира дека воопшто не размислува за такво нешто, бидејќи е максимално фокусиран на полуфиналната пресметка.

„ Немаме притисок и треба да уживаме како што тоа го направивме лани. Не мислам за ништо освен за полуфиналето. Монпелје е опасен противник. Нема да ја откривам тактиката. Треба добро се подготвиме, бидејќи знаеме дека ќе биде тешко, а на крај ќе видиме кој ќе игра во финале. Сега за сега размислувам за Монпелје и само Монпелје“ – истакна Раул Гонзалес на денешната средба со новинарите во Келн.

Се вчитува...