Раул: Едвај чекам да си ги видам пријателите во Скопје

Раул Гонзалес две години по заминувањето од клупата на Вардар ќе има можност за камбек во Скопје, откако ПСЖ и Вардар беа извлечени во групата А од новата сезона во Лигата на Шампионите.

Долго време не сум бил во Македонија. Едвај чекам да дојдам и да си ги видам пријателите во Скопје. Дуелите со Вардар ќе бидат специјални за мене, ова ќе ми бидат први натпревари против поранешниот клуб“, изјави Раул Гонзалес за клупската веб-страница на ПСЖ.

Тој даде и краток осврт на групата, во која покрај ПСЖ и Вардар се наоѓаат уште и Киелце, Брест Мешков, Елверум, Пик Сегед и Фленсбург.

„Ова е многу силна група, но добро ги познаваме речиси сите клубови со кои ќе се сретнеме. Веќе се сретнавме со поголемиот дел од ривалите во последните сезони, но тоа не значи ништо бидејќи тие го менуваат ротерот. На пример, Елверум сега е многу засилен со доаѓањето на Абало. Ќе мораме напорно да работиме и да се подготвиме за сите натпревари што се пред нас“, порача Гонзалес.

„Ел Команданте“ со ПСЖ ќе му гостува на Вардар во рамките од десеттото коло во Лигата на Шампионите, меч закажан за 9/10 декември.

Се вчитува...