Раул ги врати отпишаните од Червар

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, ги вклучи најдобрите 28 ракометари во нашата земја за претстојниот квалификациски двомеч со Исланд, средби што се од клучно значење за пласманот на „црвено-жолтите“ на претстојниот европски шампионат во Хрватска.

За разлика од неговиот претходник Лино Червар, шпанскиот стручњак не се реши за никакви експерименти, туку на својот поширок список ги вклучи сите ракометари кои имаа позначајна улога во националниот тим во последниот период. Конкретно, својот камбек во националниот тим ќе го има Борко Ристовски, кој беше оценет како „емотивно испразнет“ од страна на Червар, а во репрезентацијата се враќа и специјалистот за одбрана Ацо Јоновски, но и Немања Прибак, кој има одлична сезона во Бешикташ.

Гонзалес дополнително ќе го скрати списокот и ќе ги одреди играчите кои ќе треба да се појават на првиот ден од подготовките за Исланд. Само за потсетување, првиот натпревар од двомечот со Исланд ќе се игра на 4 мај во Скопје, а вториот дуел е закажан за 7 мај во Рејкјавик.

sostav raul

Се вчитува...