Раул го скрати списокот: Борко остана, ги нема Прибак и Јоноски

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го објави скратениот список од 19 ракометари на чии услуги ќе смета за претстојниот квалификациски двомеч против Исланд. Откако на претходниот список се најдоа сите ракометари кои претходно беа отпишани од страна на Лино Червар, Раул овојпат скрати дел од поискусните, па така Ацо Јоноски и Немања Прибак нема да бидат дел од тимот за пресметките со Исланѓаните закажани за 4 и за 7 мај.

Во однос на составот од последниот мундијал во Франција најголемата рокада е направена на голманската позиција, каде се враќа Борко Ристовски. Покрај асот на Барселона, тука ќе биде и Никола Митревски, како и младиот голман на Металург, Мартин Томовски.

Филип Кузмановски се враќа во репрезентацијата откако поради повреда го пропушти последното СП, а шанса за докажување на тренинзите пред двомечот со Исланд ќе добие и младиот Велковски од Металург.

spisok reprezentacija

Се вчитува...