Раул го скрати списокот на 20 репрезентативци за Украина и Чешка

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, од поширокиот список од 28, селектираше 20 ракометари пред стартот на подготовките за завршните два натпревари од квалификациите за ЕП 2017 против Украина и Чешка.

Од поширокиот состав за овој собир отпаднаа: Златко Даскаловски, Никола Костески, Аце Јоноски, Стефан Дрогришки, Горан Крстевски, Костадин Петров, Даниел Ѓорѓески и Владо Недановски.

Собирот на репрезентацијата е закажан за утре во 13 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Првиот од двата завршни натпревари од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска, македонската репрезентација ќе го одигра на 15 јуни против Украина во Суми. На 18 јуни, Македонија ја пречекува Чешка во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА:Мартин Томовски, Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Велковски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Филип Талески, Велко Маркоски, Златко Даскаловски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Влатко Митков.

Се вчитува...