Раул го скрати списокот – Македонија на СП со подмладен состав!

Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари повикани за подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска.

На списокот репрезентативци на кои ќе се смета за Светското првенство не се Филип Миркуловски кој од вчера најави дека нема да може да и помогне на репрезентацијата, како и искусниот Немања Прибак. Од досега стандардните репрезентативци, отпаднаа и двајцата актуелни ракометари на Еурофарм Работник – левото крило Гоце Ојлески и пикерот Никола Марковски.

На подготовките со првиот тим и во А тимот се повикани и неколку ракометари од помладата генерација кои конкурираат за место меѓу 16 играчи што ќе ги бранат боите на Македонија на претстојното СП. Од помладата генерација, покрај веќе стандардните Филип Талески и Филип Кузмановски, во сениорскиот тим влегуваат и Мартин Серафимов, Марио Танкоски, Димитар Димитриоски, Томислав Јагуриновски, Милан Лазаревски, Филип Чурлевски… што e најава дека Македонија на СП може да настапи со значително подмладен состав.

Собирот на ракометари е закажан на 24. декември (понеделник) со почеток во 16:30 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ЗА СП 2019

 

 

Се вчитува...