Раул Гонзалес: Да ја заборавиме победата и да играме како да е 0-0

Двата гола предност не се ништо во вакви дуели, предупреди тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, во пресрет на реваншот со Фленсбург во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Вардарци славеа победа на гостувањето во Германија со 24-26 и со два гола предност, но и со голема самодоверба го пречекуваат Фленсбург, во четврток (19 ч.) во „Јане Сандански“ во Скопје, во завршниот меч за пласман на Ф4 турнирот од ЛШ во келн.

„Ова е второ полувреме од овој четвртфинален дуел. Имаме два разлика од првиот меч, но треба да ја заборавиме таа ситуација. Во Фленсбург одигравме многу добар натпревар, но треба да знаеме дека Фленсбург е многу добра екипа и дека сигурно ќе одиграат максимално. Го покажаа тоа и на првиот меч во кој за нас беше многу тешко во второто полувреме. Ќе биде тешко и во четврток, не очекува многу тежок натпревар. Ние имаме предност, но и притисокот е сега кај нас. Но, јас имам доверба во моите играчи дека ќе одиграме уште еден добар натпревар. Сакаме да играме на Фајналфор во Келн и мора да се избориме за тоа“ – истакнува Раул Гонзалес.

Тренерот на „црвено-црните“ најави дека од Фленсбург може да се очекува и некое изненадување, како што беше на оној четвртфинален дуел пред три години кога германскиот тим со повеќе голови на гостински терен успеа да се пласира на Ф4 во Келн. Сепак, Вардар е добро подготвен за секоја ситуација и треба да го искористи моментот пред својата публика да се избори за долгоочекуваниот пласман на Ф4 во Лигата на шампионите. Нешто шѕто не им успеа на „црвено-црните“ во претходните три сезони кога три пати по ред настапот во ЛШ го завршуваа во четвртфиналето.

Може се да очекуваме во овој дуел, можеби Фленсбург овде нема да игра како што играше таму. Но, ние треба да мислиме на нашата игра и на овој меч. Не смееме да мислиме дека овие два гола се добра разлика. Треба да влезе во натпреварот како да е 0-0. На првиот меч голамните беа одлични на двете страни, но можеби сега нема да имаат свој ден и ќе падна повеќе голови. Фленсбург игра брз, агресивен ракомет, играчите имаат искуство и знаат како да се снајдат во вакви ситуации. Треба да бидеме подготвени на тоа.Ние треба да одиграме онака како што играме и досега. И треба да сме подготвени на се. Нашиоте играчи знаат како треба да се однесуваат и како треба да играат. Цела сезона тренираме добро и се подготвуваме за овој меч и треба да го искористиме моментот“ – порача тренерот на Вардар.

Се вчитува...