Раул Гонзалес: Добро ќе го анализираме Монпелје

На патот кон второто финале и одбраната на титулата на Ф4 турнирот од ЛШ во Келн, на Вардар му стои тимот на Монпелје. Вардарци имаат позитивен скор во четирите досегашни меѓусебни средби со Монпелје во периодот меѓу 2014 и 2016 година.

Годинашното полуфинале ќе биде нов предизвик и за „црвено-црните“, но и за Монпелје, европскиот шампион од 2003 година кој по 15 години повторно се враќа на голема сцена.

Сега треба добро да го анализираме Моншпелје. Јас ги гледав нивните натпревари сезонава, но сако како обичен гледач.Следува анализа на тоа што го играат . Имаат различна екипа од порано кога игравме против нив, играат со голема самодоверба. Ова е голем успех за нив и сигурно ќе бидат многу мотивирани. Ние се подготвуваме како и за секој противник. Има време за се, не сакам ништо да прогнозирам, ниту да анализирам сега. Го знаеме противникот и сега ќе се фокусираме на тоа“ – вели тренерот на Вардар, Раул Гонзалес во изјавата за клупскиот сајт.

Полуфиналните дуели Вардар – Монпелје и ПСЖ – Нант на Ф4 од ЛШ во Келн,  ќе се одиграат на 26 мај, а на 27 мај е финалето ио мечот за 3.место.

Се вчитува...