Раул Гонзалес го објави поширокиот список за СП 2019

Селекторот на машката ракометна репрезернтација на Македонија , Раул Гонзалес, го објави поширокиот список на репрезентативците за претстојното СП во Германија и Данска.

Изборот на Раул Гонзалес е комбинација на проверениот стандарден состав дополнето со неколку ракометари од помладата генерација како Mартин Серафимов, Димитар Димитриоски, Марио Танкоски, Милан Лазаревски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски…

Во прелиминарната фаза на СП, Македонија ќе игра  во групата Б во Минхен со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Македонската репрезентација натпреварите ги почнува на 11 јануари против селекцијата на Јапонија.

Се вчитува...