Раул Гонзалес го објави списокот за дуелите со Украина и со Чешка

Само што ја прослави шампионската титула со Вардар, Раул Гонзалес веднаш се фати и со селекторските обврски. Селекторот на македонската реперезентација го објави поширокиот список за завршните два натпревари во квалификациите за ЕП 2018 со Украина и со чешка.

На списокот на Гонзалес се 28 ракометари. Во однос на претходниот собир има делумни измени во составот. На местото на ветеранот Кирил Колев, во националниот тим се враќа голманот на Темишвар, Златко Даскаловски. На изборот на бековите, од поширокиот состав отпадна Немања Прибак, а место доби младиот бек на Металург, Стефан Дрогришки.

Последните два кола од овој квалифиакциски циклус ќе бидат решавачки за конечната разврска во нашата група во која сите четири репрезентации по првите четири натпревари се со ист број бодови. Од последните два меча ќе зависи кои две селекции ќе завршат на првите две позиции во групата што носат пласман на ЕП 2018 во Хрватска.

Натпреварот против Украина е на 15 јуни (19 ч.) на гостински терен во Суми, додеека последниот натпревар од квалификациите против Чешка, Македонија ќе го одигра на домашен терен во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, на 18 јуни (20.45 ч.).

spisok rep.

Се вчитува...