Раул Гонзалес: Горд сум на моите играчи

Изостана посакуваната победа против Кил, но Вардар и Раул Гонзалес сепак се радуваа на крајот од денешниот четвртфинален дуел во СЦ „Јане Санднаски“. Пред четири години вардарци беа покуси за гол за пласман на Ф4 , но овој пат среќата беше на нивна страна и втора година по ред „црвено-црните“ ќе играат за титулата во Келн. Доволна причина, Раул Гонзалес да биде горд на своите ракометари и благодарен за поддршката од публиката.

Имавме многу проблеми на теренот, не се снајдовме најдобро против Ландин. Кил играше одлично. Сепак, успеавме да одиграме подобро во вториот дел од натпреварот, постигнавме неколку голови од контра. Игравме под притисок, но со поддршката од навивачите успеавме да дојдеме до посакуваниот резултат и пласман во Келн. Горд сум на моите играчи и горд сум што сум нивни тренер. Сега ни претстои Ф4 турнирот во келн. Ќе одмориме малку, а потао ќе можеме да се подготвиме за она што не очекува во Келн“ – изјави Раул Гонзалес по дуелот со Кил.

Се вчитува...