Раул Гонзалес и ПСЖ со последен поздрав до Квинтана

ПСЖ вечерва лесно и убедливо го совлада Елверум со 44-28 во својот последен меч од групната фаза од Лигата на Шампионите, дуел на кој Раул Гонзалес и неговите избраници излегоа на терен носејќи маици со името на Алфредо Квинтана.

Голманот на Порто трагично го загуби животот неколку дена по срцевиот удар добиен на тренингот на португалскиот првак, губејќи ја најважната битка.

„Светците“ од Париз на овој начин испратија последен поздрав до фантастичниот чувар на мрежата, чија смрт ја зави во црно ракометна Европа.

Се вчитува...