Раул Гонзалес: Ќе се подготвиме добро и за Барселона

Вардар ќе ги одмери силите со Барселона во полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите, на Ф4 турнирот во Келн. Тренерот Раул Гозналес верува дека „црвено-црните“ можат да стигнат до финалето, доколку одиграат на нивото како против Фленсбург.

„Ќе играме против Барселона. Јас сакав само едно – да не играме против Веспрем, биејќи имаме премногу средби против овој ривал. Барселона е силен ривал, беше прва во групата, има одлични голмани и поседува квалитет на сите делови од тимот. Тоа ќе биде интересен натпревар, тежок натпревар, но ние сигурно ќе се подготвиме како што треба. Ако играме како против Фленсбург, верувам дека играчите сега ја имаат и потребната самодоверба, можеме да стигнеме до финалето“, изјави Раул Гонзалес.

Се вчитува...