Раул Гонзалес најдобар тренер, Кире Лазаров не e во дрим-тимот на француското првенство

Шпанскиот стратег Раул Гонзалез е избран за најдобар ракометен тренер во Франција, втора година по ред. Поранешниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација го доби принанието откако беше првопласиран на табелата со ПСЖ до прекинот на првенството. Потоа федерацијата го прогласи ПСЖ и за шампион.

Во дрим-тимот на француското првенство немаше место за Кире Лазаров. На позицијата десен бек е избран ракометарот на ПСЖ, Надим Ремили.

Во идеалниот тим се најдоа: голман – Родриго Коралес (ПСЖ), лево крило – Хуго Дескат (Moнпелје), лев бек – Елохим Пранди (Ним), среден бек – Сандер Сагосен (ПСЖ), десен бек – Надим Ремили (ПСЖ), десно крило – Мохамад Санад (Ним) и пивот – Николас Турна (Нант).

Се вчитува...