Раул Гонзалес: Перфектна Македонија

Македонските ракометари го совладаа Исланд со 30-25 и направија голем чекор напред во квалификациската група, која ионака е многу заплеткана. Тоа беше дебитански меч за новиот селектор Раул Гонзалес и прва победа под негово раководство. Задоволен е, и истакнува дека има доверба во сите ракометари што ги има на располагање во националниот тим.

IMG_2931

„Задоволен сум, беше тешко, но сите ракометари одиграа одличен меч, блиску до перфекција. Имаме уште од почетокот голема доверба меѓу себе, и мислам дека тоа беше клучен фактор. Исланд е квалитетна репрезентација и нема сомнение дека ова е голем триумф. Но, сега имаме и одреден притисок да одиграме уште подобро на гости. Таму ќе биде уште потешко. На крајот, бевме мирни, победивме со пет гола. Ќе се подготвиме добро и за реваншот и ќе одиме натпревар по натпревар. Сега Исланд мора да не победи, но тоа е нивен проблем“, изјави селекторот Раул Гонзалес.

Се вчитува...